Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска наместо на градоначалничкото столче во Советот на Град Скопје на седницата за советнички прашања седна во последниот ред од салата, каде што седат техничките служби.
На почетокот на седницата, за советничките прашања упатени до неа велеше дека писмено ќе одговори.
Градоначалничката не сакаше да одговори на новинарските прашања кои бараат да им каже што се случува со тендерот за пречистителна станица.
А. АНТЕВСКА