НАПУШТЕНИОТ МОТЕЛ „ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ БЛИЗУ ГРАДСКО ПРОДАДЕН ЗА 65.000 ЕВРА И ЌЕ СТАНЕ ОДМОРАЛИШТЕ

    НАПУШТЕНИОТ МОТЕЛ „ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ БЛИЗУ ГРАДСКО ПРОДАДЕН ЗА 65.000 ЕВРА И ЌЕ СТАНЕ ОДМОРАЛИШТЕНекогашниот мотел повеќе од 13 години е пуст, менуваше сопственици и е во лоша состојба (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот мотел на велешки „Интернационал“, кој се наоѓа близу Градско, е продаден по пат на електронско наддавање, соопшти Општина Градско, во чија сопственост беше. Објектот е во руинирана состојба, а го купил Ермедин Тутиќ од село Водоврати, Општина Градско, за 4,17 милиони денари (над 65.000 евра).

    Објектот го продаде локалната власт, на која Владата ѝ го префрли во декември 2018. Мотелот има корисна површина од 744 квадратни метри и опфаќа две згради.

    Новиот сопственик планирал да го реконструира објектот, да го откупи земјиштето и да развие фамилијарен бизнис, што предвидува изградба на базен, камп и комплекс за одмор на патниците кои минуваат по автопатот Куманово-Гевгелија, во чија близина е мотелот. Некогашниот мотел повеќе од 13 години е пуст, менуваше сопственици и е во лоша состојба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира