НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ПОЧНЕ АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТКАКО ЛАНИ ДОЦНЕШЕ ЦЕЛ МЕСЕЦ

    НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ПОЧНЕ АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТКАКО ЛАНИ ДОЦНЕШЕ ЦЕЛ МЕСЕЦОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека минатата недела е почнато прскањето против ларви од комарци од земја, а првото авионско прскање против возрасни форми за комарци ќе се изврши кон средината на мај.- Авионот Партенавија П68 со кој што беше извршено прскањето против комарци во Скопје на 8 јули 2018 (Фото: Ј. Стефанов)

    Годинава навремено ќе почне прскањето против комарци. Град Скопје за разлика од лани кога доцнеше тендерот и целата постапка за прскање, на 16 април склучи договорот со фирмата „Приматекс Бранка ДООЕЛ“, Центар за јавно здравје и Друштвото за воздушен транспорт „Аероклуб Скопје“ за прскање против комарци авионски и од земја.

    Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека годинава е почнато прскањето од земја против ларви од комарци, а првото авионско прскање против возрасни форми за комарци ќе се изврши кон средината на мај.

    „Тендерските постапки се завршени. Минатата недела беше извршено првото прскање од земја против ларви од комарци, а очекуваме нареднава недела да се спроведе и првото авионско прскање против ларви. По нив следуваат прскањата против возрасни форми за комарци, а истото ќе се проведе кон средината на месецот, кога ќе се создадат поволни услови за средствата да имаат максимален ефект“, велат од Град Скопје.

    Лани прскањето против комарци почна со еден месец задоцнување односно наместо на почетокот на јуни со авионско прскање се почна на 3 јули. Тогаш од кабинетот на Шилегов рекоа дека имале индиции дека средството кое се користи е штетно, па затоа нарачале да се направи анализа и испитување.

    Поради доцнењето во Скопје лани имаше масовна појава на комарци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира