НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ВОДАТА ВО СТРУМИЦА И ШЕСТ НАСЕЛБИ ПОРАДИ ПРОБЛЕМ НА ФИЛТЕР-СТАНИЦАТА

    НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ВОДАТА ВО СТРУМИЦА И ШЕСТ НАСЕЛБИ ПОРАДИ ПРОБЛЕМ НА ФИЛТЕР-СТАНИЦАТАСамо како техничка може да се користи водата од водоводите во Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча. (Фото: СДК.МК)

    Водата од водоводната мрежа не треба да се користи за пиење туку само како техничка вода во Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча, соопшти струмички „Комуналец“. Забраната е затоа што има има одстапување на вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во однос на физичко-хемиските параметри во согласност со Правилникот за вода.

    „Поради намалувањето на количините на вода во акумулацијата на брана Турија, и промената на квалитетот на сировата вода која доага од брана Турија, односно зголемените количини на суспендирани материи кои ги има во сировата вода, фабриката за вода (филтер-станицата) не е во можност да ги преработи и ги сведе во границите кои се пропишани согласно Правилникот за вода за пиење. Затоа, се известуват граганите во наредниот период да ја користат водата од водоводната мрежа исклучиво како техничка вода. Водата не е за пиење“, соопшти „Комуналец“.

    Од таму додаваат дека ваквата состојба ќе трае сè додека квалитетот на водата не се сведе во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење, и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија не бидат согласно на Правилникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира