НЕ НИ ТРЕБА БАЗЕН ОД 700.000 ЕВРА, НИ ТРЕБА ГИНЕКОЛОГ И КАНАЛИЗАЦИЈА, ПОРАЧАА ЖЕНИТЕ ОД ШУТКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ НИ ТРЕБА БАЗЕН ОД 700.000 ЕВРА, НИ ТРЕБА ГИНЕКОЛОГ И КАНАЛИЗАЦИЈА, ПОРАЧАА ЖЕНИТЕ ОД ШУТКА

    Иницијативата на жени од Шуто Оризари ќе излезе со предлог каде да се пренасочат 700.000 евра, кои според објавената тендерска документација Агенцијата за млади и спорт планира да ги потроши за изградба на базен за нуркање, ватерполо, синхронизирано пливање и скокови во вода во оваа скопска општина.

    Жените од оваа општина велат дека изградба на базен во Шуто Оризари не е приоритет, во услови кога смртноста на доенчињата кај ромската популација според официјалните статистички податоци е за 1,5 пати поголема отколку смртноста кај бебињата од другите етнички групи.

    Салија Бекир Халим, од Иницијативата на жени од Шуто Оризари, вели дека деновиве со членките ќе излезат со став каде да се пренасочат парите.

    „Жените од Шуто Оризари веќе осма година се без матичен гинеколог. И покрај нашите апели и барања, овој проблем се уште не е решен. Смртноста на доенчињата кај ромската популација е многу висока, а општината се соочува и со други инфраструктурни проблеми, како што е немањето канализација. Сметаме дека базенот не е приоритет и дека тие средства може да се искористат за многу попотребни работи“, вели Салија Бекир Халим.

    Според документацијата од тендерот за избор на изведувач на градежните работи, објавен завчера, базенот треба да ги задоволи сите потреби на општината и пошироко за обука на непливачи, тренинг на пливачи, ватерполисти, синхронизирано пливање, нуркање и скокови во вода, натпревари во пливање, ватерполо на локално, национално и меѓународно ниво.


    Базен во Шуто Оризари ќе се гради согласно програмата на Владата за за развој на спортот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари