НЕ ОЦЕНУВАМЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ, ИМ ОДГОВОРИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД НА ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ ЗА УЧЕСТВО НА ИЗБОРИ

    НЕ ОЦЕНУВАМЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ, ИМ ОДГОВОРИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД НА ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ ЗА УЧЕСТВО НА ИЗБОРИУставниот суд пред неколку месеци ги укина измените на Изборниот законик донесени лани. (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд ја оценува уставноста на законите, а не на предлог-законите, им одговори претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на граѓанските иницијативи на нивното барање за оценување на новите измени на Изборниот законик кои се предложени во Собранието по скратена постапка.

    Уставниот суд пред неколку месеци ги укина измените на Изборниот законик донесени лани. Но сега повторно власта и опозицијата предлагаат по брза постапка нов Предлог-закон за Изборниот законик со кој повторно се зголемува бројот на потребни потписи за учество на независни листи на изборите

    „Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на Предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење.Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање, може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита Но, во однос на Вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог за закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд, извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот, може да усвои исклучиво за закон кој е дел од првниот поредок”, се вели во одговорот на Костадиновски.

    Девет граѓански иницијативи цела година водат битка со институциите откако власта и опозицијата лани донесоа измени на Изборниот законик со кој го зголемија прагот на потребни потписи за учество на независните на избори. Уставен суд пред еден месец ја укина оваа измена на Изборниот законик со која партиите сакаат да ги исклучат независните од учество на изборите.

    Граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“ од Битола, „Зелените“ од Гази Баба, „Подобро за Тетово“ и „Стига е“ од Струмица, Ново Село и Босилово бараат да се постави услов од 20 до 100 собрани потписи и 200 собрани потписи за Град Скопје за независни листи на кандидати по пример на бројните европски држави. Исто така се бара да се дозволи собирање потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК, како во европските земји, да се зголеми периодот на собирање потписи на 30 дена, да се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче, а не како досега само името на носителот, да се обезбеди еднаквост меѓу сите политички чинители во утврдувањето на редоследот на единствената листа на кандидати за избор на претседател, пратеници, членови на совет, односно градоначалник, со ждрепка, да се промени одредбата за пристап до медиумскиот простор и финансирањето на изборната кампања.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира