НЕМА ДА СЕ АКТИВИРА УСЛОВНАТА ПРЕСУДА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОД 2015 ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО

    НЕМА ДА СЕ АКТИВИРА УСЛОВНАТА ПРЕСУДА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОД 2015 ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛОВо петокот Боро Стојчев, до Советот на општината, од морални причини поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник. - Боро Стојчев (Фото: СДК.МК)

    Нема да се активира условната пресуда од 2015 година за градоначалникот на Ново Село во оставка Боро Стојчев, кој сега е осуден на 6 месеци затвор за друго дело. Кривичниот совет при струмичкиот суд го отфрли барањето на Јавното обвинителство, Стојчев да се упати на издржување на условната казна затвор од две години за сторено кривично дело проневера во службата. Во објаснувањето на кривичниот совет стои дека предлогот на обвинителството требало да се достави за време на постапката што се водела против Стојчев за обид за пренесување на непријавена стока.

    „Барањето е отфрлено како недозволено бидејќи не постои посебна постапка за отповикување на ново дело. Тоа можело да се направи за време на постапката која се водела против него за кривичното дело обид за шверц на цигари,“, информираа од струмичкиот суд и додадоа дека Јавното обвинителство има право на жалба до штипска апелација во рок од три дена

    Боро Стојчев, кој на 10 јули годинава беше фатен како пренесува цигари од марката „калипсо“ во вредност од 3 милиони 200 илјади денари, од струмичкиот суд доби казна затвор од 18 месеци. По жалба на одбраната, штипска апелација казната ја намали на 6 месеци и во моментов Стојчев ја издржува во затворот во Струмица и треба да биде пуштен околу Нова година

    Во петокот Боро Стојчев, до Советот на општината, од морални причини поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник. Советот на една од следните седници треба да именува в.д., кој ќе раководи со општината до следните градоначалнички избори во Ново Село.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира