По четири дена забрана за пиење на водата од градскиот водовод поради заматеност, стружани денес имаат чиста вода во чешмите. Последните анализи покажале дека патраметрите на заматеност се во рамките на дозоволените вредности.
„Квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Во тек е комплетна микробиолошка и хемиска анализа на сите параметри во водата, по што, соодветниот наоди ќе бидат доставен до инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за натамошно постапување”, изјави денес Сашо Точко, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.
Водата во струшкиот водовод се замати по обилните дождови што го зафатија струшкото подрачје. Тоа била причина за заматување на резервоарите за вода кај месноста Шум во близина на Струга.