НОСИТЕЛОТ НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОПИШТЕ ЈАНЕ МИЦЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“

    НОСИТЕЛОТ НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОПИШТЕ ЈАНЕ МИЦЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“Мицевски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека од денеска е директор на депонијата и утрово било извршено примопредавањето на функцијата.(Фото: Фејсбук)

    Јане Мицевски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, е нов директор на депонијата „Дрисла“. Градоначалничката Данела Арсовска вчера го разреши од функцијата досегашниот в. д. директор Коста Начевски и на негово место за в. д. директор го постави Мицевски.

    Мицевски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека од денеска е директор на депонијата и утрово било извршено примопредавањето на функцијата.

    Град Скопје во јануари 2020, во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов ја врати во владение депонијата „Дрисла“. Со тоа, после 9 години депонијата повторно се врати во сопственост на Град Скопје, откако во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски беше дадена под концесија на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира