Пожар изби попладнево на ридот Кркардаш над Битола, во близина на манастирот „Свети 40 маченици“. Огнот освен нискостеблеста вегетација, зафати и борова шума која е останата во мал дел, зашто поголемата шумска површина изгоре во пожарите изминатите години. Гори во близина на населените куќи од населбата Баир.
Овој дел на Битола скоро и да нема лето да помине без пожар. Областа е рекреативна зона за битолчани, но честопати недозволено се фрла смет и се јавуваат диви депонии.
Ж. ЗДРАВКОВСКА