НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ЗА ШВЕРЦОТ СО ЦИГАРИ

    НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ЗА ШВЕРЦОТ СО ЦИГАРИГрадоначалникот Боро Стојчев пред недела дена беше фатен од полицијата при шверц на цигари на македонско-бугарската граница. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, кој пред недела дена беше фатен при шверц на цигари на македонско-бугарската граница, доби дополнителни 30 дена мерка притвор. Освен Стојчев, во притвор остануваат неговиот син и други двајца соучесници осомничени за криумчарење. Вака одлучи кривичниот совет при струмичкиот суд, откако основното јавно обвинителство достави обвинение и предлог за продолжување на мерката притвор за четири учесници.

    „По предлог на обвинителството, мерката притвор за осомничените за шверц со цигари е продолжена на 30 дена а до крајот на месецов ќе биде закажано и првото судско рочиште на кое ќе бидат сослушани странките“, информираа од струмичкиот суд.

    Обвинетите се товарат дека на 10 јули пренесувала цигари во вредност од 3 милиони и 200 илјади денари, избегнувајќи царинска контрола. Според обвинителството градоначалникот со неговиот син и уште двајца обвинети во селото Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало околу 33 илјади кутии цигари од марката „Калипсо“. Тие се упатиле по полскиот пат кон селото Бадилен во пограничниот појас меѓу Македонија и Бугарија каде петтообвинетиот имал задача да го надгледува теренот и да алармира за присуство на полиција.

    На локалитетот „Попина Чука“ на два километри од границата беа откриени и фатени од полициски службеници кој против сите поднесе кривични пријави за шверц со цигари. Тогаш им беа изречени мерка притвор од 8 дена, а на едно лице му беше одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира