НОВИ ДВЕ ПРИЈАВИ ОД МВР ЗА ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ СТЕВАНОСКИ ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИ ДВЕ ПРИЈАВИ ОД МВР ЗА ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ СТЕВАНОСКИ ЗА  ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

    Прилепската полиција поднела две нови прекршочни пријави против граѓанскиот активист Жарко Стеваноски, кој се товари затоа што за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп, го испишуваше графитот „Че си лежите“ на коловозот пред општинската зграда во Прилеп.

    „Денеска ме известија дека полицијата поднела две нови прекршочни пријави, за истиот прекршок, по ист член 191 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тоа значи ќе има уште две носи судења, практично за ист прекршок, иако по Нова година Основниот суд, донесе ослободителна пресуда за едно од тогаш поднесените 4 прекршочни пријави“, изјави Стеваноски.

    Поаѓајќи од својата професија, долгогодишен адвокат, Стеваноски вели дека и таа и следните пресуди на Основниот суд во Прилеп, очекува да бидат ослободителни, затоа што прекршокот за кој што се товари, тој не го направил.

    „На едно од судењата за предметот за којшто веќе има пресуда, како сведок беше повикан заменик командирот на прилепската униформирана полиција и тој реално ја опиша фактичката состојба. И од неговата изјава произлегува дека не постојат елементите на прекршокот за којшто ме товарат. Улицата беше забранета за сообраќај. Со тоа, овој претставник на Министерството потврди дека не постои прекршокот. Но, и досегашните вкупно поведени четири судски спорови и овие нови два, само го потврдуваат притисокот на локалната власт врз полицијата“, истакнува Стеваноски.

    Тој е познат на прилепската и македонската јавност по поднесените кривични пријави против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и други функционери на локално ниво. Но, досега не е отворена ниту една судска постапка од кривичните пријави кои што ги поднел до Основното јавно обвинителство.

    Освен против Стеваноски, прилепската полиција за време на протестите на Шарената револуција, го казни и сопственикот на возилото на кое се наоѓаше озвучувањето. Тој „заработи“ казна од 500 евра, затоа што ова крајно амортизираното возило „југо“не било регистирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира