НОВИОТ ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ФОРМИРА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ЈА УСОГЛАСУВА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА

    НОВИОТ ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ФОРМИРА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ЈА УСОГЛАСУВА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦАМинистерот Дурмиши денеска заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами и претставници од ТИРЗ Тетово ги посетија новите погони на фабриката КИЕЛ во индустриската зона. (ФОто: СДК.МК)

    Министерот за економија Бесар Дурмиши очекува наскоро да се надмине неусогласеноста со висината на потрошувачката корпа. Решението тој го гледа во новиот Економско социјален совет кој треба да се формира во средината на септември, треба да утврди нова методологија според која ќе се пресметува минималната потрошувачка кошница. Сегашните пресметки кои од една страна ги прави Синдикатот, а од втората страна Државниот завод за статиката не се совпаѓаат. 

    „Според податоците кои ги зедовме од Државниот завод за статистика и пресметките кои ги направивме во Министерството за економија резултатите не се исти со пресметките што ги направиле од Сојузот на синдикатите. Според нивните пресметки произлегува дека во јули потрошувачката кошница изнесува 65.170 денари и која во однос на јуни има раст од 245 денари. Ако се пресметува од декември 2023 година до јули 2024 година излегува дека има пораст од 4.047 денари, односно 7 проценти. Но според официјалните информации од Државен за статистика, значи нема толку раст од седум проценти тука има растот 3,6%. Решението за ова треба да се бара во спогодбата за измена на Економско социјалниот совет која веќе е поднесена. Новиот Економско социјален совет, ќе имаат 4 члена од владата, 4 члена од синдикатот на вработените и четири члена од работодавачите. Мислам дека во средина на септември ќе биде формиран и на првиот состанок ќе се отворат сите теми за да се разговара. Тоа значи дека ќе треба да се утврди една методологијата по која ќе биде мерена потрошувачката кошница поради што сега имаме две различни статистики“, вели Дурмиши. 

    Новиот Економско социјален совет треба да ја утврди и методологијата за пораст на минималната плата.

    „Синдикатот на вработените и работодавачите направија методологија каде што секој март треба да се покачи минималната плата. Тоа сега треба да биде во март 2025 година. Ако ние вонредно ја покачиме минималната плата тоа значи дека треба да го менуваме Законот за минимална плата, а не можеме тоа да го направиме поради тоа што се уште не е формиран Економско социјалниот совет. Во средина на септември месец ќе се одржи првиот состанок каде што ќе ги гледаме сите нивни барања на синдикатите“, посочи  Дурмиши кој денеска, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами и претставници од ТИРЗ Тетово ги посетија новите погони на фабриката КИЕЛ во индустриската зона која е водечка фабрика за производство на седишта за возови и автобуси.

    З. АНДОНОВ 

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира