НОВО ЗЕЛЕНИЛО ЗАСАДЕНО ДОЛЖ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕ

    НОВО ЗЕЛЕНИЛО ЗАСАДЕНО ДОЛЖ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕВо есенското раззеленување засадени се над 15.000 садници во сите скопски општини. - Директорот на „Паркови и зеленило" Ардијан Муча и градоначалникот Петре Шилегов (Фото: Град Скопје)

    Ново зеленило долж булеварот Гоце Делчев е засадено во денешната акција на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило“. Засадени се повеќе видови зимзелени ниски садници и грмушки, како и висококвалитетни дрвја со развиена крошна.

    Во есенското раззеленување и уредување нови зелени површини, Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 15.000 висококвалитени садници на повеќе локации во сите скопски општини.

    „Град Скопје, согласно новите стандарди за квалитет, продолжи со подигнување нови дрвореди со квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри, кои веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот“, кажаа од Град Скопје.

    Со висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја и декоративни садници досега се разубавени градските булевари и улици 8 Септември, Х. Т. Карпош, Босна и Херцеговина, АСНОМ, Никола Карев, Илинден, Втора македонска бригада, Февруарски поход, Трета македонска бригада, 11 Октомври, кружниот тек во Чаир…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира