ОД ДЕНЕСКА МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ ТРИТЕ МАЛИ БЕЛИ ЛАВИЦИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, ИМИЊАТА ЌЕ ГИ ПРЕДЛОЖАТ ПОСЕТИТЕЛИТЕ

    ОД ДЕНЕСКА МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ ТРИТЕ МАЛИ БЕЛИ ЛАВИЦИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, ИМИЊАТА ЌЕ ГИ ПРЕДЛОЖАТ ПОСЕТИТЕЛИТЕПредлозите за имиња може да се ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на ЗОО како и на нивната фејбук страна. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска, посетителите на скопската Зоолошка градина можат да ги видат трите женки бели лавчиња кои се родија во март. Трите лавчиња се родија во градината после 20 години, а нивните имиња ќе се изберат според предлози од посетителите.

    Како што велат од Зоолошката, лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

    „Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. А од денеска ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу“, велат од Зоолошката градина.

    Посетителите на Зоолошката  од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите лавчиња. Предлозите ќе може да се ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук страницата на Зоолошката, како и на објавата на фејсбук страницата на Град Скопје.

    Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира