Од денеска се наплаќа влезница за влез во мегалитската опсерваторија Кокино, според одлуката на Кумановскиот музеј за воведување систем за наплата на билети и ангажирање на лиценцирани туристички водичи за разгледување на локалитетот. Влезниците чинат од 30 денари за деца од 5 до 15 години, 60 денари за домашни гости и 120 денари за странци, ќе се продаваат кај стражарската служба на самиот локалитет, а за групни ексурзии преку жиро сметка на музејот.
„Туристите ќе добијат водич и комплетна приказна за Кокино од самиот влез на локалитетот до врвот, односно до тронот. Обиколката ќе трае околу 2 часа. Наплатата за посета е дел од проектот за самофинасирање и самоодржливост, кој треба да обезбеди редовни приходи за подобро функционирање на локалитетот“, вели Анита Цветановска, директорка на Кумановскиот музеј.
Измените околу менаџирањето со Кокино се поддржани и реализирани преку проектот на УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси заради подобрување на туристичката понуда на североисточниот регион, финсиран од швајцарската влада. Преку проектот беа поставени нови патокази, информативни табли, заштитна ограда за камените тронови на локалитетот, мобилна апликација за аудио водење и нова официјална веб страна на Кокино (www.kokino.mk).
Музејот најави дека деновиве ќе постави табла со ценовникот, а планирани се тоалети и ограда на локалитетот.
Министервото за култура со години најавува изградба на патот, сувенирница, музеј, ресторан и пристапните патеки, но засега ништо од тоа.
ОД ДЕНЕСКА ЗА ВЛЕЗ ВО КОКИНО ОД 30 ДО 120 ДЕНАРИ
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:48:"Куманово(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Дописна мрежа
10605
влезници
5
Кокино
7
комеморативна седница
1
Кумановски музеј
2
мегалитска опсерваторија
2
туристи
103
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.