ОД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ВЕЛЕС СЕ КРАДАТ ГАЈБИ СО ПРАЗНИ ШИШИЊА

    ОД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ВЕЛЕС СЕ КРАДАТ ГАЈБИ СО ПРАЗНИ ШИШИЊАИзминатиот месец, во Велес имало осум вакви кражби (Фото: СДК.МК)

    Полицијата регистрираше серија несекојдневни кражби на гајби со празни шишиња во Велес. Ноќта меѓу саботата и неделата велешката полиција фатила двајца крадци на дело.

    „На 31 март во 03.30 чaсот, на регионалниот пат Велес-езеро Младост, при контрола на возило ‘шкода фелиција‘ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле лица од село Арачиново и од село Гошинце, полициски службеници пронашле предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба“, информираа од СВР Велес.

    Во багажникот биле пронајдени неколку гајби со празни шишиња. Изминатиот месец, сопственици на угостителски објекти пријавиле осум вакви кражби.

    „Нешто чудно се случува. Празните гајби што досега ги чувавме на отворено станаа мета на кражби. Наводно се откупувале во Скопје, но исклучиво од познати брендови, и гајбата и шишето. Цената била 200-250 денари. Четири-пет гајби и ете илјадарка од вечер“, вели велешки угостител.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира