Во наредните четири дена ќе се прска против комарци во Скопје. Од Град Скопје информираат дека од утре па до петок ќе се изврши второто прскање против возрасни форми на комарци.
„Првото авионско прскање се изврши на 29 април со што навреме почна овој процес. Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни“, велат од Градот.
Тендерот за прскање против комарци како и за минатите две години и сега го доби Друштво за воздушен транспорт „Аероклуб“ Скопје ДОО Чучер Сандево. Договорот е склучен за две години и е во висина од 32.399.850 денари или околу пола милион евра.
А. АНТЕВСКА