ОДМОРАЛИШТЕТО „СУВИ ЛАКИ“ НА ОГРАЖДЕН 30 ГОДИНИ ПРОПАЃА, ДРЖАВАТА НИКАКО ДА МУ НАЈДЕ КУПУВАЧ

    ОДМОРАЛИШТЕТО „СУВИ ЛАКИ“ НА ОГРАЖДЕН 30 ГОДИНИ ПРОПАЃА, ДРЖАВАТА НИКАКО ДА МУ НАЈДЕ КУПУВАЧОбјектот во неколку наврати беше ставен на продажба, но никој не пројави интерес да го купи (Фото: СДК.МК)

    Детското одморалиште „Суви Лаки“ на планината Огражден, Беровско, кое е во сопственост на државата, со години се распаѓа. Речиси 30 години ова одморалиште не функционира, а сместувачкиот објект, кујната и ресторанот се целосно руинирани и обраснати во трева. Столаријата е уништена или украдена, а електричните и водоводните инсталации демолирани. Од некогаш престижно одморалиште останати се ѕидовите и покривот.

    „Жално е што пропаѓа овој златен објект. Од осамостојувањето на државата за него никој не води грижа. Овој објект со дополнителни инвестиции може повторно да биде одморалиште или пак старечки дом, оти се наоѓа на одлична местоположба со пријатна клима“, коментираат сопствениците на куќи во викенд населбата Суви Лаки, што се наоѓа меѓу Струмица и Берово.

    Државата досега не успеваше да најде начин да го стави во функција или да го рестартира за друга намена. Министерството за труд и социјална политика во неколку наврати го огласуваше за продажба, но интерес некој да го купи немаше.

    „‘Суви Лаки‘ последен пат беше ставено на продажба во 2015, кога била направена проценка дека неговата вредност изнесува 14,5 милиони денари. Министерството ги разгледува сите можности што ќе прави со овој објект“, одговорија од Министерството за труд и социјална политика.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира