ОДОБРЕНИЕТО ЗА  ХОТЕЛ ВО ЛАГАДИН ЌЕ СЕ ПОНИШТИ, ОХРИЃАНИ ДОБИЈА БИТКА ПРОТИВ УРБАНАТА МАФИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДОБРЕНИЕТО ЗА  ХОТЕЛ ВО ЛАГАДИН ЌЕ СЕ ПОНИШТИ, ОХРИЃАНИ ДОБИЈА БИТКА ПРОТИВ УРБАНАТА МАФИЈА

    Охриѓани ја добија неколкумесечната битка против изградба на хотел во Лагадин во заштитениот појас на Охридско езеро. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење. Барањето доаѓа по заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам,  Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културно наследство направен во Секторот за урбанизам во Општина Охрид и на градилиштетото за незаконскиот хотел во Лагадин во јануари годинава.

    „Земајќи ги во предвид извештаите и информациите од коордираниот инспекциски надзор во кои се констатирани повеќе непрaвилности во постапката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин – Општина Охрид како и во постапката на издавање на одобрението за изградба на предметниот хотелски комплекс, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија до Општина Охрид упати барање со укажување одобрението за градење да се поништи“, стои во известувањето од Министерството за транспорт и врски испратено до граѓанската иницијатива „ Охрид СОС“ формирана за спас на Охридско езеро од еколошки катастрофи кои му се закануваат со реализација на неколку најавени проекти.

    Изградбата на хотелот почна на крајот на минатата година и покрај бројните апели, предупредувања и петиција против таква градба потпишана од 99 отсто жители на Лагадин. Тие укажаа дека одобрението за градење е незаконско оти хотелот е во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои законот забранува градби од траен карактер, градбата бесправно навлегува во приватен имот на соседните парцели, ископот урна тераса на соседен објект, а жителите се пожалија и на пукнатини внатре во куќата, колекторскиот систем мештаните укажаа дека не може да издржи уште еден хотел оти и сега е преоптоварен па преку лето фекалии се излеваат во езерото и ред други причини кои укажуваат дека градбата е нелегална.

    Активистите  на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“  и сопствениците на куќи и викендички испратија претставки до Инспекцискиот совет, до Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат и тоа за прекршувања на 12 закони, 1 подзаконски акт и Уставот на Република Македонија.

    Покрај известувањето од Министерството за транспорт и врски, „Охрид СОС“ добиле известување и од Државниот инспекторат за животна средина  во кое се вели дека општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина.

    Дополнително, Инспекторатот за животна средина ги потврдил  и констатациите   дека објектот не смее да се гради на помалку од 50 метри од највисокиот водостој на езерото.

    Инспекцискиот совет ги известил активистите дека поради многуте прекршени закони и комплексната природа на случајот, постапката е се уште во тек и конечно решение допрва треба да се добие.

    Ова е прв пример охриѓани да го сопрат дивеењето на урбаната мафија. Најавуваат дека ќе бараат одговорност од иснституциите кои ги прекршиле законите и за најмалото  сторено кривично дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира