ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО ВЕЛЕС ЌЕ СТАНЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ

    ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО ВЕЛЕС ЌЕ СТАНЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТОфицерскиот дом пак ќе биде центар на социјализација и дружење за сите генерации велешани

    Владата го предаде Офицерскиот дом во сопственост на Општина Велес, па сега нема пречки тој повторно да биде угостителски објект, како што беше пред некоја година.

    Одлуката била донесена на седницата на 22 мај, на барање на локалната власт.

    „Оваа одлука е од големо значење за Велес и велешани. Наместо да зјае празен и да пропаѓа, ќе го вратиме животот во ова култно место. Во најскоро време, Офицерскиот дом пак ќе биде центар на социјализација и дружење за сите генерации велешани и ќе ја поттикне локалната економија. Го слушнавме гласот на велешани, кои сметаат дека објектот треба да има угостителска намена“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

    Тој најави дека во најкус можен рок ќе се објави јавен повик за заинтересираните инвеститори и угостители.

    Изминатите години, откако беше даден на користење на Општина Велес, претходната градска власт планираше Домот да биде градска куќа со венчална сала, резиденцијален објект и простор за пратениците и за прием на странски делегации. Откако не се користеше долго време, стана руина. Офицерскиот дом пропаѓаше, беше дом за зависници и грда слика во централното градско подрачје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира