Оградата што е поставена кај Градскиот трговски центар во Скопје не е за преслекување на зградата во барок, туку поради партерно уредување на Паркот на Жената борец, изјавија вечерва од општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на информации од службите на Кабинетот на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Од општина Центар најавија дека утре ќе имаат повеќе информации околу ненајавените градежни активности.
Главниот градежен инспектор на општина Центар вечерва излегол на терен, на повик на загрижени граѓани. По контактот што службите на општина Центар го имале со надлежните служби на град Скопје, тие добиле уверување дека тарабите се поставени поради уредување на Паркот.
На оградата нема ознака ни кој е инвеститор, ни какви градежни работи се изведуваат, ниту пак се видливи податоци за градежна дозвола.
Поврзана вест:
http://sdk.mk//index.php/makedonija/gtts-ograden-barokot-napaga/