ОГРОМНА КАРПА ГИ БЛОКИРАШЕ ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА ВЕЛЕС-ГЕВГЕЛИЈА

    ОГРОМНА КАРПА ГИ БЛОКИРАШЕ ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА ВЕЛЕС-ГЕВГЕЛИЈАОдронот е во близина на мостот на реката Тополка кај Велес. (аматерска фотографија)

    Обилните врнежи кои го зафатија велешко придонесоа утрово на излезот од Велес да падне карпа. Нема информации дека при паѓањето на карпата има повредено минувачи.

    Но, според големината станува збор за неколкутонска карпа и среќна околност е што на така фреквентен пат, никој не настрадал при одронот. Во СВР Велес во 8,30 часот е пријавено дека е падната карпата. Тоа е во близина на мостот на реката Тополка, а карпата паднала од т.н. Цуцка.

    Поради тоа во застој е патничкиот сообраќај и сите возила се пренасочуваат од Велес за Градско, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци и Неготино, и обратно преку автопат. Еден блок карпа паднал и на железничката пруга Велес- Гевгелија. Така, сè до отстранување на камениот блок, железничкиот и патниот сообраќај на оваа релација ќе бидат во прекин.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира