Рано утринава огромна карпа се урна на регионалниот пат Струга-Дебар пред самиот влез во селото Џепиште. Одронот го затвори половина од патот и поради тоа сообраќајот се одвива отежнато и само по една лента.
На местото на одронот се наоѓаат екипи на „Македонија пат“ кои се обидуваат да ја тргнат карпата под патот.
„Ова тешко ќе оди бидејќи треба да се донесе тешка механизација. Карпата е огромна и мора да се ангажира посебна машина за нејзино отстранување“, вели охриѓанец кој утринава патувал во правец на манастирот „Свети Јован Бигорски“.
Д. ЧУБРИЌ