ОХРИД ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ПОЧНЕ СО НАПЛАТА ЗА ЧУВАЊЕ НА ЈАХТИТЕ ВО СТУДЕНЧИШТА, ЕДРИЛИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЗАКОТВУВААТ БЕСПЛАТНО ОТИ НЕ ЗАГАДУВААТ

    ОХРИД ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ПОЧНЕ СО НАПЛАТА ЗА ЧУВАЊЕ НА ЈАХТИТЕ ВО СТУДЕНЧИШТА, ЕДРИЛИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЗАКОТВУВААТ БЕСПЛАТНО ОТИ НЕ ЗАГАДУВААТСопствениците на јахти ќе плаќаат околу 50.000 денари годишно на Општината, а за традиционалните кајчиња ќе се плаќа 3.000 денари; - Закотвени пловила во близина на Св. Јован Канео. (Архивска фотографија СДК.МК)

    Охрид од почетокот на јули годинава конечно ќе почне да го наплаќа закотвувањето на пловни објекти во Студенчишкиот канал. Досега Општината не собираше ни денар за закотвување на пловила. Се наплаќаше само на делот од брегот кон објектот на АРМ, но таму средствата одеа кај војската. За прв пат, сега паркирањето официјално ќе се наплатува и на спротивниот дел од каналот, иако сопствениците на пловни објекти велат дека и до сега плаќале „на црно“ на неофицијални чувари на каналот.

    Бесплатно ќе биде само закотвувањето на едрилиците кои не го загадуваат езерото.

    Одлуката ја донесе јавното претпријатие „Билјанини извори“, а ценовникот треба да го одобри Советот на Општината.

    „Од први јули ќе почнеме со наплата за паркирање на пловни објекти на делот од брегот кој е на спротивната страна од постојниот објект на АРМ. Според наши пресметки, за јахти од 12 метри годишно ќе се наплаќаат околу 50 илјади денари, за традиционалните охридски кајчиња 3.000 денари, а за другите пловила цената ќе биде помеѓу овие два износи. Едногласни сме сме дека сопствениците на едрилици ќе бидат ослободени од плаќање за паркинг, бидејќи тие се украс на Езерото и не ја загадуваат околината“, ни изјави директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска.

    Од ова јавно претпријатие велат дека веќе контактирале со сопствениците на пловни објекти кои не се од Охрид. Според регистрацијата на пловниот објект тие преку капетанијата ги добиваат основните податоци за тоа кој го користи пловилото. Напоменуваат дека ќе се склучуваат и договори за паркинг на шест месеци.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира