ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ ПЕТ МИНУТИ ГИ ВКЛУЧИЈА СИРЕНИТЕ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН ПОЧИНАТИОТ ОХРИДСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК

    ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ ПЕТ МИНУТИ ГИ ВКЛУЧИЈА СИРЕНИТЕ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН ПОЧИНАТИОТ ОХРИДСКИ ГРАДОНАЧАЛНИККапетанот на Капетанијата на македонските езера Горан Устијановски салутираше во чест на ненадејчно починатиот охридски градоначалник Јован Стојаноски. (Фото: СДК.МК)

    Охридските бродови во Градското пристаниште денес пет минути ги вклучија сирените за да му оддадат последна почит на починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојановски.

    Капетанот на Капетанијата на македонските езера Горан Устијановски во свечена морнарска униформа додека свиреа сирените, свртен кон градот, салутираше во знак на почит кон ненадејчно починатиот охридски градоначалник.

    Денеска е ден на жалост во Охрид и сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за денеска се откажани.

    Градоначалникот Стојаноски почина во саботата, во возило на брза помош, на пат кон ЈЗУ „Кардиолошки завод“ – Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира