ОХРИДСКИТЕ СПАСУВАЧИ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ЛОЦИРАЊЕ СПАСИЈА БЕРАЧ НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ КОЈ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА

    ОХРИДСКИТЕ СПАСУВАЧИ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ЛОЦИРАЊЕ СПАСИЈА БЕРАЧ НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ КОЈ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈАНа повреденото лице веднаш му беше укажана прва помош и беше запрено обилно крварење. (Фото: СДК.МК)

    Планинската спасувачка служба во Охрид во изминатите месеци имала во просек една интервенција месечно, спасувајќи бројни животи главно на непристапните планински терени во околината на градот.

    Нејзини припадници вчера спасија собирач на шумски плодови кој паднал во провалија. По три часа, повредениот бил извлечен и однесен во Итна медицинска помош, а оттаму бил транспортиран до соодветна здравствена институција на натамошен третман.

    „За лоцирање на местото на несреќата беше искористен СМС системот за лоцирање, кој е воспоставен во рамките на проектот ‘Регионот Oхридско Eзеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам‘, финансиран од Европската Унија преку програма за прекугранична соработка со Албанија. Веднаш по лоцирањето, два тима на ПСС се упатија на терен и во 10:35 часот пристигнаа на местото на несреќата. На повреденото лице веднаш му беше укажана прва помош, беше запрено обилно крварење и изведена имобилизација на целото тело, по што започна сложена постапка за негова евакуација“, велат од Планинската спасувачка служба во Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира