ОХРИДСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ БАРААТ ДРЖАВНА ПОМОШ ОТИ ГОДИНАВА ИМАЛО САМО 127 НОЌЕВАЊА ОД СТРАНЦИ

    ОХРИДСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ БАРААТ ДРЖАВНА ПОМОШ ОТИ ГОДИНАВА ИМАЛО САМО 127 НОЌЕВАЊА ОД СТРАНЦИСпоред податоците од Државниот завод за статистика, во периодот април-јуни во Охрид има само 127 ноќевања од странски туристи ноќевања, и тоа во април има само 4, во мај 31, а во јуни 82. Лани во овие три месеци имало вкупно 139.205 ноќевања од странци. (Фото: Охрид)

    Охридските туристички водичи кои поради поради коронакризата останаа без работа во летниот период, велат дека нивните приходи се сведени на нула. Очајни за финансиската состојба во која се наоѓаат над 200 амбасадори на културното и природното наследство, спасот го гледаат во помошта од државата со новите пакет економски мерки за, како што велат, да можат да опстојат. До лани главните приходи ги остварувале од водење странски групи почнувајќи од март до октомври.

    „Штета е тие наши домашни амбасадори да не бидат опфатени барем со мала помош, сепак станува збор за една категорија на граѓани кои моментално станаа социјала и им е потребна помош“, вели Климент Наумов претседател на Здружението на туристички водичи Охрид.

    Охрид годинава ги бележи најлошите статистички податоци во извештаите за остварени ноќевања и остварен туристички промет. Во првите седум месеци од годинава, вкупно се остварени 267. 929 ноќевања од кои 250. 984 домашни и само 17.035 странски туристи. Лани за истиот период имало 545 .871 ноќевања. Според податоците од Државниот завод за статистика, во периодот април-јуни во Охрид има само 127 ноќевања од странски туристи ноќевања, и тоа во април има само 4, во мај 31, а во јуни 82. Лани во овие три месеци имало вкупно 139.205 ноќевања од странци.

    „Зимава туристичките агенции ќе бидат оставени на милост и немилост. Знаеме и за туристички агенции кои што затворија и комплетно ги згаснаа бизнисите“, вели Климент Наумов, претседател на Здружението на туристички водичи Охрид. (Фото: СДК.МК)

    И туристичките агенции се во незавидна состојба. Дел ставија клуч на врата а дел секојдневно отпуштаат вработени.

    „Зимава туристичките агенции ќе бидат оставени на милост и немилост. Ветува овој последен пакет мерки кој ги опфаќа и туристичките агенции. Знаеме и за туристички агенции кои што затворија комплетно и ги згаснаа бизнисите“, вели Наумов.

    Туристичките работници денес ќе имаат средба со Координативното тело во Министерството за економија каде ќе ги дознаат условите за финансиската помош што ќе ја добијат.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира