ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКАСтаницата се наоѓа на булевар АСНОМ, односно во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“. (Фото: СДК.МК)

    Скопската Општина Аеродром направи станица за фрлање кабаст отпад на булевар АСНОМ, односно во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“. Станува збор за ограден и заштитен простор каде што ќе може во секое време бесплатно да се остава стар мебел и дотраена бела техника.

    Ова е прва станица од ваков тип во Аеродром, а како што велат од Општината, во блиска иднина се планира поставување вакви оградени простори на повеќе локации на ниво на целата територија.

    „Следејќи ги европските примери, сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните што имаат потреба да се ослободат од старите предмети од домаќинствата, а притоа тоа да биде бесплатно и во близина на нивните домови“, вели градоначалникот Златко Марин.

    Проектот се реализира во рамките на новиот интерактивен пристап за одржување на јавната хигиена што го воведува Општина Аеродром.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира