Триесет илјади денари наместо да бидат потрошени за коктел за вчерашната свеченост по повод 4–ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот, Општина Битола одлучи да ги донира во Центарот за деца со аутизам.
Ова беше соопштено за време на вечерашната прослава на празникот во Центарот за култура во Битола. По завршувањето на културната програма и доделувањето на општинските признанија, присустните беа почестени со пијалак, а храна не се служеше.
Претходните години редовно се организираше коктел за 4-ти Ноември, а годинава Општината одлучи наместо да дава пари за ордевери и канапеа, парите да ги искористи за добротворни цели.
Ж. ЗДРАВКОВСКА