ОПШТИНА БИТОЛА ПОСТАВИ ЛИФТ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ

    ОПШТИНА БИТОЛА ПОСТАВИ ЛИФТ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТЛицата со телесен инвалидитет отсега полесно ќе се движат низ трикатната зграда (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола, која е сместена во објект на три ката и со многу скалила, реши да ги надмине архитектонските бариери и да стане подостапна за лицата со телесен инвалидитет. Во општинската зграда за првпат е поставен лифт за лицата со телесен инвалидитет вработени во установата, но и за други граѓани кои ги користат услугите на локалната самоуправа.

    „Во животот за да си среќен, треба да си успешен, но и сакан и прифатен. Ја имав таа среќа кога пред неколку месеци започнав да работам во Општина Битола да бидам прифатена од сите како еднаква, а денес и последната, физичка пречка е отстранета. Општина Битола ги урива бариерите, сега и понатаму“, вели Симона Јовеска, вработена во Општината.

    Уште пред две години, на дефилето на лицата со телесен инвалидитет кои бараа отстранување на архитектонските бариери во градот, градоначалничката Наташа Петровска рече дека ќе настојува да се отстранат проблематичните точки кои ја попречуваат мобилноста на оваа категорија граѓани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира