ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ УРИВА ДИВИ КАФУЛИЊА ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА

    ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ УРИВА ДИВИ КАФУЛИЊА ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈАДел од кафеанџиите постапиле и сами ги отстраниле дивите тераси, а останатите имаа рок од пет дена тоа да го сторат.(Фото: Општина Чаир)

    Општина Чаир најави дека ќе урива диви летни тераси во Старата скопска чаршија. Од Општината испратиле решенија за отстранување на нелегалните градби до сопствениците на кафулињата кои немаат добиено дозвола за поставување на урбана опрема на јавна површина. Дел од кафеанџиите постапиле и сами ги отстраниле дивите тераси, а останатите имаа рок од пет дена тоа да го сторат.

    „Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира. Градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни“, велат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира