ОПШТИНА ЧАИР ПОСТАВИ БИСТА ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУДРО ВИЛСОН

    ОПШТИНА ЧАИР ПОСТАВИ БИСТА ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУДРО ВИЛСОНБистата е поставена во чест на 100-годишнината од потпишувањето на Версајскиот договорот, со кој беше означен крајот на Првата светска војна. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Во дворот на Општина Чаир беше поставена биста од американскиот претседател Вудро Вилсон. Бистата е поставена во чест на 100-годишнината од потпишувањето на Версајскиот договорот, со кој беше означен крајот на Првата светска војна.

    Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу рече дека се одлучиле да му оддадат почит на претседателот Вилсон бидејќи на Париската мировна конференција, застанал во заштита на правото на малите држави на Балканот за самоопределување и слобода.

    На свеченото отворање на бистата присуствуваа и претставници од родниот град на Вилсон, Стаунтон.

    Вудро Вилсон е 28. претседател на Соединетите Американски Држави од 1913 до 1921 година. Основач е на Лигата на нации.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира