ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ИЗРАБОТИ НОВИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ПО УКИНАТИОТ ДУП ЗА ТАФТАЛИЏЕ 1 ОД СТРАНА НА УСТАВЕН СУД

    ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ИЗРАБОТИ НОВИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ПО УКИНАТИОТ ДУП ЗА ТАФТАЛИЏЕ 1 ОД СТРАНА НА УСТАВЕН СУДЖители на Општина Карпош на 4 мај протестираа пред Уставен суд оти 8 месеци немаше одлука на иницијативата за закониста на 4 детални урбанистички планови. Досега има одлука само за планот за Тафталиџе 1. (Фото: СДК.МК)

    Општина Карпош ќе пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови кои ќе бидат носени во консултации со стручната јавност и засегнатите граѓани, велат од општината откако вчера Уставен суд го укина Деталниот урбанистички план (ДУП) за Тафталиџе 1, донесен на 5 јануари 2016.

    „Општина Карпош ќе ја почитува Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, со што се запира спроведувањето на овој Детален урбанистички план и сите идни чекори ќе бидат во согласност со правните последици кои ги произведува оваа Одлука и позитивната законска регулатива. Тоа практично значи дека во претстојниот период, Општина Карпош ќе пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови кои ќе бидат носени во консултации со стручната јавност и засегнатите граѓани“, соопшти Општина Карпош.

    Во одлуката на Уставен суд, станува збор за Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, опфат помеѓу булевар Партизански Одреди, улица Московска, булевар Македонија и булевар 8 Септември“.

    „Во новите детални урбанистички планови ќе бидат запазени сите стандарди и услови за поставување на зеленило и зелени површини, како и за обезбедување на поголема хуманизација на просторот. Примарната цел на локалната самоуправа е повеќе никогаш да не се повтори агресивната и непланска урбанизација“, додаваат од Општина Карпош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира