ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА СТАТИКАТА НА НАДВОЗНИКОТ „ВЛАЈКО“

    ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА СТАТИКАТА НА НАДВОЗНИКОТ „ВЛАЈКО“Се предвидува овие работни активности да се одвиваат во период од седум работни дена. (Фото: Општина Карпош)

    Општина Карпош од вторник ќе започне со работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае.

    Поради изведување на стручните мерења, ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од булеварот Партизански одреди по принципот лента по лента, во насока исток-запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршувањеto на првата фаза ќе следи затворање на сообраќајот во насока кон Центар, исто така по принципот лента по лента.

    „Се предвидува овие работни активности да се одвиваат во период од седум работни дена. Сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација која ќе биде времено поставена, на која ќе биде означено пропишаното ограничување на брзината на движење од 30 километри на час. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим“, велат од Општина Карпош.

    Надвозникот „Влајко“ е изграден во 2006 над булеварот Партизански одреди во населбата Влае. Преминот има 16 дуќани, кои требаше да се изнајмуваат од општината, но тие никогаш не профункционираа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира