Девет и пол месеци по Нова година сѐ уште не е донесена одлука каде да бидат доделени хуманитарно парите од откажаната новогодишна прослава во Кавадарци. На општинскиот Совет веќе му заврши мандатот, а беше најавено пред крајот на минатата година кога се реши да се откаже колективното славење на новата година, дека на првата наредна седница ќе се донесе одлука за тоа каде да заминат средствата во висина меѓу 3.000 и 5.000 евра.
„Сѐ уште не е донесена одлука каде би биле пренаменети парите. Парите стојат во општинскиот буџет со истата намена. Во прашање е процедура. Со оглед на ситуацијата, избори, предизборни кампањи, други побитни теми на општинскиот Совет, останува одлуката за тоа каде ќе бидат наменети тие пари да ја донесе идниот Совет на Општината”, ни рекоа од Службата за односи со јавноста при Општината.
„И Општина Кавадарци ке го следи трендот на Балканот, средствата наменети за прослава на Нова година да ги намени за хуманитарни цели“, беше најавено тоа при крајот на декември лани.