ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА ЗАВРШИ 2020 СО ДЕФИЦИТ ОД РЕЧИСИ ДВА МИЛИОНА ЕВРА

    ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА ЗАВРШИ 2020 СО ДЕФИЦИТ ОД РЕЧИСИ ДВА МИЛИОНА ЕВРАВласта ја правда тешката финансиска ситуација со состојбите во кои се наоѓа целата држава поради пандемијата (Фото: СДК.МК)

    Тетово и понатаму останува една од најзадолжените општини во државата. На денешната седница на Советот, на која се усвои завршната сметка за 2020 година, беше речено дека Општината има дефицит од 121.689.428 денари или речиси два милиона евра.

    Според извештајот на секторот за финансиски прашања, од планираните приходи од 1.714.301.244 денари, биле реализирани 1.371.855.414. Кај расходите биле планирани 1.990.093.580 денари, а се реализирале 1.493.544.842. Ваквата лоша финансиска состојба беше критикувана од опозицијата.

    „Повеќе се води сметка за вработувања и такви трошоци, отколку за реалните потреби на граѓаните и за спроведување на капитални инвестиции“, изјави советникот на Движење Беса, Бесарт Дурмиши.

    Општинското мнозинство бара оправдување за ваквата тешка финансиска ситуација во состојбите во кои се наоѓа целата држава поради пандемијата на ковид-19.

    „Поради пандемијата имаше многу малку капитални инвестиции“, рече Беким Мемети, претседателот на Советот на Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира