Општина Центар по пријава на граѓани му изрече прекршочна глоба на кафулето „Бруклински“ во Дебар Маало во висина од 500 евра за надминување на граничните вредности за бучава, соопшти општината.
„По пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи изврши мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава. На 21.8.2020 година, Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, на правното лице Бруклински ДООЕЛ му изрече прекршочна глоба, во висина од 500 евра во денарска противвредност“, се вели во соопштението.
Општина Центар апелира до сите угостители, локали и нивниот менаџмент, да се придржуваат до важечките правилници и законски одредби, да ги почитуваат истите и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност и бучава.