ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО КАЗНИ СО 6.000 ЕВРА КАФУЛЕТО „ИНТЕРМЕЦО“ ПОРАДИ ГЛАСНА МУЗИКА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО КАЗНИ СО 6.000 ЕВРА КАФУЛЕТО „ИНТЕРМЕЦО“ ПОРАДИ ГЛАСНА МУЗИКАОд Општина Центар велат дека голем број граѓаните кои живеат во близина на кафулето во населбата Капиштец, постојано се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот.(Фото: Инстаграм)

    Општина Центар го казни кафулето „Интермецо“ со 6.000 евра поради гласна музика. Од Општината велат дека голем број граѓаните кои живеат во близина на кафулето во населбата Капиштец, постојано се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот.

    „Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна. Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава“, велат од Општината.

    Од таму додаваат дека инспекторите ќе продолжат со  санкционирање на сите локали кои не го почитуваат законот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира