ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ОТВОРИ НОВАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ОТВОРИ НОВАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТНовиот објект е со капацитет на згрижување на 173 деца и има 9 занимални. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар денеска ја отвори новата градинка „Пролет“ која се наоѓа во истоимената скопска населба. Новиот објект е со капацитет за згрижување 173 деца и има 9 занимални. Во градинката има надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето.

    Исто така, изграден е лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето покрај едното скалишно јадро. Градинката располага и со просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници.

    Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека градинката е завршена за помалку од три години, целосно финансирана од Општината, без задолжување.

    Оваа градинка не е само зграда, туку симбол на визија, вложување во иднината и одговорно водење. Градинката е изградена целосно со општински средства, без кредити, по цена од 900 евра по квадратен метар“, рече Герасимовски.

    Оваа градинка е првата која е изградена во Општината по повеќе од 50 години и чини околу 2,5 милиони евра.Маркичката за градинката е нацртана во времето за ексградоначалникот Саша Богдановиќ при измена на Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел од Центар. Со претходниот план, донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, на местото беше вцртан објект со деловна намена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира