ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ СТАЦИОНАР ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ СТАЦИОНАР ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊАГрадоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска имаше средба со здружението за заштита на животните „Кане Корзо“, по што е договорено во Центар да се направи прифатилиште за бездомни животни, за што од буџетот за оваа година ќе бидат обезбедени околу 100.000 евра. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар ќе гради стационар за бездомни кучиња. Со овој проект велат од Општина Центар ќе се стави крај на бездомни кучиња кои се шетаат во централното градско подрачје, ќе се превенира за намалување на можни заразни болести кои се пренесуваат меѓу животните и ќе се обезбеди сигурност на децата и на граѓаните.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска имаше средба со здружението за заштита на животните „Кане Корзо“, по што е договорено во Центар да се направи прифатилиште за бездомни животни, за што од буџетот за оваа година ќе бидат обезбедени околу 100.000 евра.

    „Досега немало проект за изградба на ваков стационар и Центар ќе биде првата општина која го прави ова и ќе биде пример за хумано справување со проблемите со бездомните кучиња и мачиња. Се разгледуваа неколку опции за локација за сместување на овој стационар кој што ќе ги исполни сите неопходни стандарди за згрижување. Напуштените животни ќе бидат сместени во стационарот до вдомување во семејства“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Од Општината сите заинтересирани здруженија да дојдат на консултации или да ги напишат своите предлози на [email protected].

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира