ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОСТАВУВА КАМЕРИ ЗА ДА НЕ СЕ КРШАТ ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОСТАВУВА КАМЕРИ ЗА ДА НЕ СЕ КРШАТ ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТАВидеонадзор ќе се постави на повеќе локации откако било увидено дека во други општина ваквата мерка дала резултати.(Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе поставува камери за поголема безбедност и да се спречи уништување на урбаната опрема. Како што беше одлучено на вчерашната седница на Советот на Општина Центар видеонадзор ќе се постави на повеќе локации откако увиделе дека во други општина ваквата мерка дала резултати.

    Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината“, рече Герасимовски на седницата.

    Од Општината велат дека снимките од надзорот ќе може да се користат единствено само по налог на Јавно обвинителство и МВР и дека не постои никаква можност истите да бидат било како злоупотребени. Целиот процес ќе биде направен со целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, а актите ќе бидат прецизирани со целосно вклучување на Агенцијата за заштита на лични податоци. Видеонадзорот ќе биде поставен на видно место и за истиот ќе биде истакнато Известување дека се врши видеонадзор од страна на Општината и ЈП ПОЦ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира