ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОСТАВУВА УРЕДИ ЗА МЕРЕЊЕ НА БУЧАВАТА ОД КАФУЛИЊАТА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОСТАВУВА УРЕДИ ЗА МЕРЕЊЕ НА БУЧАВАТА ОД КАФУЛИЊАТАЖителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од кафулињата не само за време на викендите туку и во работни денови.(Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе поставува уреди за мерење на бучавата од кафулињата. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски уредите ќе почнат да се поставуваат оваа недела, на местата каде што има најмногу поплаки од граѓаните.

    „Ќе се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови“, вели Герасимовски.

    Жителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од кафулињата не само за време на викендите туку и во работни денови. Во Општината најмногу поплаки има за кафулето „Интермецо“ од кое не само што ечи музика, туку работи и после дозволеното работно време.

    Жители на населбата организирани во група  „За пристоен Капиштец“ летово имаа средба со градоначалникот Герасимовски на која бараа под итно да се реши проблемот со бучавата од ова кафуле.

    „Ако во вашите изборни програми не е експлицитно ветено дека ќе се воведе ред со бучавата и сообраќајот кај ‘Интермецо‘ и другите кафеани, ќе бидете избркани на клоци“, рекоа членовите на групата „За пристоен Капиштец“ пред почетокот на кампањата за локалните избори.

    Герасимовски најави дека во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми каде што граѓаните ќе можат да присуствуваа и да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира