Општина Центар утрово почна со уривање на диви тераси на кафеаните на улицата Аминта Трети (Ленинова) во Дебар Маало.
Се уриваа тераси на кафани кои се со цврста градба односно се затворени со врати,прозорци и лимени тенди.
Сопствениците на кафулињата се караат со инспекторите и полицијата, барајќи да не ги уриваат, туку да им дадат време сами да го отстранат тврдите градби од тротоарите.
Инспекторите им рекоа дека уште пред два месеци Општината им дала решение дека мора да ја отстранат тврдата градба на летните тераси.
А. АНТЕВСКА