Само резидентите и конзуларните преставништва кои се во опфат на скопскиот Сквер Јадран во Општина Центар од понеделник ќе имаат право на влез и излез на пешачката зона.
Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар в понеделник ќе го пушти во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на Сквер Јадран, како што велат оттаму, да се ослободи пешачката зона од возила и да им се овозможи на пешаците и велосипедистите непречено и безбедно движење.
„Ваквиот систем на контрола се воведува заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и движењето и паркирањето на возила без пристап на пешачката зона на Сквер Јадран“, велат од „Паркинзи“ Општина Центар.