Денеска во Велес започна акцијата „Чист град 2025“, за отстранување оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини, кои нивните сопственици ги оставиле на јавните површини во градот. Акцијата ќе биде спроведена од Општина Велес и СВР Велес, во две фази.
„Првата фаза ќе биде од превентивен карактер и започнува денес со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните површини. Во втората фаза ќе се преземат репресивни мерки со изрекување глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес, за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок. Се замолуваат сите граѓани кои ги имаат оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини на јавните површини да ги отстранат, а со тоа ќе дадат придонес за чист град и здрава животна средина“, кажа Ирена Левкова, комунална инспекторка во Општина Велес.
П. ПЕЧКОВ