ОШТЕТЕНИ БИСТИ НА БОРЦИ ОД НОБ ВО БИТОЛА

    ОШТЕТЕНИ БИСТИ НА БОРЦИ ОД НОБ ВО БИТОЛАБистата на Стерјо П. Ѓорѓиевски е обезглавена, а искршени се и мермерните плочки (Фото: СДК.МК)

    Оштетени се три спомен бисти на борци од НОБ во Градскиот парк во Битола. Непознати сторители ја обезглавиле бистата на Стерјо П. Ѓорѓиевски (1922-1942) и најверојатно ја зеле со себе, бидејќи ја нема во близина на споменикот, а на постаментот се искршени мермерните плочки. Оштетени се и постаментите од спомен бистите на борците Томаки Димитровски и Коле Лачето.

    Од Сојузот на борци во Битола го осудија вандалскиот чин и бараат да се откријат сторителите.

    „Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Битола денеска направи увид на самото место, испративме известување до СВР-Битола, ЈКП ‘Комуналец‘ и до Општина Битола. Се работи за сериозно оштетување на спомен обележјата и сметаме дека треба да бидат преземени соодветни мерки“, велат од Сојузот.

    Ова не е првпат да се оштетуваат споменици на партизани во Битола. Летоска беше обезглавена бистата на народниот херој Панде Кајзеро во истоимената месна заедница, точно на денот кога се навршуваа 95 години од неговото раѓање и се одржа прославата за влез во НАТО и ЕУ. Неколку дена подоцна, беше оштетена и спомен плочата за Иге Илиоски од Дрен, учесник во Антифашистичкото движење, стрелан во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира