ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ШТИП ДОБИЈА СЕНЗОРНА СОБА И ТРАНСПОРТЕР ЗА ДЕЦАТА СО НАРУШЕНА МОТОРИКА

    ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ШТИП ДОБИЈА СЕНЗОРНА СОБА И ТРАНСПОРТЕР ЗА ДЕЦАТА СО НАРУШЕНА МОТОРИКАВо ОУ „Гоце Делчев“ во Штип се отвори сензорна соба наменета за учениците со посебни потреби (Фото: СДК.МК)

    Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Скопје и Општина Штип го промовираа првиот електромоторен транспортер за ученици со нарушена моторика. Првото вакво помагало е доделено на ОУ „Ванчо Прќе“, кое има најголема потреба од ваква современа количка за искачување и симнување на децата кои не можат да се движат.

    Претставниците на Фондацијата и на Општината рекоа дека заеднички ќе работат и во иднина, со цел да се обезбедат вакви електромоторни транспортери и за останатите училишта во Штип. Едно вакво помагало чини 3.000 евра.

    Тие денеска во ОУ „Гоце Делчев“ во Штип отворија сензорна соба наменета за учениците со посебни потреби. Во ова училиште веќе работи центар за ученици со попреченост до 18 години.

    Во Штип досега се отворени четири вакви училници, но проектот предвидува сензорни соби да имаат сите училишта во градот.

    „Основното мото на денешниот Меѓународен ден на детето е сите деца да имаат право на квалитетени услови на образование. Пораката е да не дозволиме да има училишта во кои не можат да влезат сите ученици и да направиме сите катови во училиштата да бидат достапни за сите. Секое дете треба да има еднакви можности и секое дете треба да добие шанса за квалитетно образование“, рекоа од Фондацијата „Чекор по чекор“.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира