ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ ГИ ЗАМЕНИ ЌУМБИЊАТА СО ПАРНО ГРЕЕЊЕ СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 53.000 ЕВРА

    ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ ГИ ЗАМЕНИ ЌУМБИЊАТА СО ПАРНО ГРЕЕЊЕ СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 53.000 ЕВРАЈапонскиот амбасадор Савада Хиронори дојде на завршната церемонија на проектот (Фото: СДК.МК)

    Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане доби систем за парно греење од Јапонската амбасада. Донацијата вредна 53.000 евра е во рамките на јапонската програма за мали грантови и ова е прв ваков проект во оваа мала општина, а 18. во регионот.

    „Среќен сум што овој проект успешно се реализира и со тоа ги подобривме условите за учење не само за сегашните, туку и за идните генерации. Со градоначалничката заклучивме дека има простор за натамошна соработка“, кажа јапонскиот амбасадор Савада Хиронори.

    Од 1996 година, Јапонија поддржала 158 проекти во Македонија со вкупно 7,8 милиони евра. Од нив, 57 се во здравството, 70 во образованието и 31 во животната средина.

    Како градоначалничка и мајка знам колку е важно детето да учи во топла и пријатна училница. Наставниот кадар доби квалитетни услови за работа, а родителите можат да бидат спокојни за своите деца додека се на училиште“, кажа градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

    Системот за парно греење работи на нафта и ќе ги замени старите ќумбиња, со кои се затоплуваа со години наназад.

    Во основното училиште „Светозар Марковиќ, каде што наставата се изведува на српски јазик, учат околу 100 деца од Старо Нагоричане и околните села.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира