Осудените лица од Битолскиот затвор „Црн Мост“ издвоија дел од парите што ги примаат од фирмите каде работат додека ја отслужуваат затворската казна и ги дадоа за набавка на новогодишни пакетчиња за деца.
Донацијата беше организирана во соработка со вработените во затворот во Битола, а пакетчињата се подарија на децата од Одделението за педијатрија во Клиничката болница Битола, Заводот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ и на децата на лица осудени на 10 години затвор.
„Осудените лица што се работно ангажирани, добиваат парични средства од фирмите каде што работат и ги донираат парите, па во соработка со вработените во затворот купивме пакетчиња и ги подаруваме на децата. Со ова се стави акцент на тоа дека и осудените лица знаат да бидат хумани“, рече Драган Крајовски, директор на Затворот во Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА